Се продава се што остана од „Сведмилк“

Bez autora
Jun 01 2011

Опрема за стерилизирање млеко, машини за пастеризација, пумпи за млеко, компјутери за контрола на процесот на производство на млеко и стотина резервни делови се само дел од понудата што на 15 јуни ќе се продава на лицитација, а била во сопственост на „Сведмилк“. Истиот ден ќе се продава и земјиштето на кое е сместена зградата. Продажбата ја објавува Тутунска банка, која е најголемиот доверител во фирмата со цели 8 милиони евра. Од банката велат дека и покрај продажбата на опремата и земјиштето, максималната цена што може да се постигне е 7 милиони евра. Ова ќе значи дека не само што банката нема да го покрие долгот, туку со кратки ракави ќе останат и останатите доверители и сточарите на кои оваа млекарница им должи цели 4 милиони евра.

Се продава се што остана од „Сведмилк“Опрема за стерилизирање млеко, машини за пастеризација, пумпи за млеко, компјутери за контрола на процесот на производство на млеко и стотина резервни делови се само дел од понудата што на 15 јуни ќе се продава на лицитација, а била во сопственост на „Сведмилк“.

Истиот ден ќе се продава и земјиштето на кое е сместена зградата. Продажбата ја објавува Тутунска банка, која е најголемиот доверител во фирмата со цели 8 милиони евра. Од банката велат дека и покрај продажбата на опремата и земјиштето, максималната цена што може да се постигне е 7 милиони евра. Ова ќе значи дека не само што банката нема да го покрие долгот, туку со кратки ракави ќе останат и останатите доверители и сточарите на кои оваа млекарница им должи цели 4 милиони евра.

- Се продава с` што е во млекарницата, од опремата за прифаќање млеко, полнење, пастеризација и чување. Колкава ќе биде вредноста ќе се знае на денот на лицитирање - вели стечајниот управник на „Сведмилк“, Богољуб Макревски. До крајот на летово, според него, треба да се знае и новиот газда на млекарницата.

Првата лицитација за опремата и за земјиштето на кое се наоѓа фабриката е закажана за овој месец, но на првата продажба не се очекува да се добие новиот сопственик. Сите заинтересирани фирми мора да уплатат 10 отсто од утврдената вредност на средствата што се предмет на лицитацијата.

Млекопроизводителите што вчера ги контактиравме се надеваат дека новиот купувач ќе даде повеќе пари од долгот што го има млекарницата кон банката и дека ќе добијат барем дел од парите.

- Продажбата е решение само за банките што имаат хипотеки врз млекарница. Законски, по продажбата прво ќе се исплати долгот кон Тутунска банка, која така ќе си ги наплати своите побарувања за неплатените рати за кредитот. Дури потоа ако има пари, тие ќе бидат за нас - велат сточарите. Тие се разочарани и веќе се помириле со фактот дека нема пари.

Некои од нив велат дека никогаш повеќе нема да склучат договор за продажба на млеко со некоја фабрика бидејќи ова им било големо училиште. Другите на кои млекарницата им должи веќе не се сточари бидејќи ги распродадоа кравите.

Вкупниот долг на фабриката е 32 милиона евра, од нив околу 4 милиони евра отпаѓаат на побарувањата на млекарите. Експертите велат дека првичната вредност на млекарницата била 25 милиони евра, што значи дека е за 7 милиони евра пониска од нејзините долгови.

Добрите познавачи на состојбите објаснуваат дека сегашната цена е многу пониска бидејќи по две години неработење не се знае дали машините за преработка на млеко воопшто работат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik